Министерството за култура формира работна група за унапредување на дејноста на туристичките водичи

Министерството за култура формира работна група за унапредување на дејноста на туристичките водичи

пред 4 часа

На иницијатива на Министерството за култура и туризам, формирана е работна група составена од претставници од секторот туризам при министерството, Македонска асоцијација на туристички водичи и продружници, Здружение на туристички водичи ЗТВПМ, како и експерти и претставници од високообразовните институции кои стручно ги квалификуваат идните туристички водичи и придружници.

На првиот состанок на работната група идентификувани се клучните предизвици и е постигнат договор за мерки кои ќе обезбедат унапредување на квалитетот и професионалноста во дејноста на туристичките водичи. Туристичките водичи од Македонија, изнесоа јасни и конкретни барања за подобрување на условите за работа, со цел стандардизација на дејноста и унапредување на туристичката понуда на државата.

Министерот Зоран Љутков нагласи дека инвестирањето во квалитетот и професионалноста на туристичките водичи е еден од најважните чекори за развој и позиционирање на Македонија како конкурентна и атрактивна туристичка дестинација.

„Акцентиравме проблеми кои се резултат на одредени слабости во регулативата поради кои професијата туристички водич не е на нивото кое го заслужува, а со тоа квалитетот и конкурентноста на туристичкиот производ не достигнува задоволителен стандард. Овие слабости овозможуваат водичи од различни држави да ги презентираат културните добра, традиционалните културни вредности гледани низ нивните наочари, тука е и слабата заштита на домашните туристички водичи. Одлучивме да ги отстраниме овие слабости и да ги заштитиме домашните туристички водичи, за таа целформирани се стручни работни групи каде партиципираат и здруженијата на водичи и високообразовните установи за туризам со кои во тесна соработка работиме на отстранување на слабостите во регулативата како би постигнале подостоинствена и попочитуванапрофесионална дејност на туристичкиот водич во Македонија”, додаде министерот Љутков.

Меѓу приоритетните задачи кои се разработуваат се усвојување поквалитетни стандарди за едукација на стручни и професионални водичи, подигнување на квалитетот на туристичките услуги, можности за основање на туристичка инспекција со широки надлежности која ќе ги спречи нелиценцираните водичи и неовластеното вршење на дејноста, со што ќе се заштитат професионалците и ќе се зачува угледот на туристичката индустрија, координација и усогласување на законската регулатива во насока на јасен и ефикасен правен систем за унапредување и заштита на професијата туристички водич, како и заштита на државата од ширење на невистини и искривување на историјата и културното наследство, со цел зачувување на веродостојноста и интегритетот на културните вредности.

Текстот Министерството за култура формира работна група за унапредување на дејноста на туристичките водичи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top