Митески: Наместо Градот, ние го собираме отпадот во Аеродром

Митески: Наместо Градот, ние го собираме отпадот во Аеродром

пред 10 часа

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Дејан Митески, изјави дека општината самоиницијативно се справува со зголемените количества отпад, иако надлежноста за комуналната чистота е на Град Скопје.

„Сликата е жалосна во цело Скопје, но ние во Аеродром не чекаме – дневно депонираме повеќе од 10 тони отпад во Дрисла,“ изјави Митески.

Тој нагласи дека, пред да се воведат казни, неопходно е граѓаните да имаат услови каде да го одлагаат отпадот.

„За првпат како општина воведовме редовни акции коишто траат два месеци на пролет и на есен за одлагање на кабаст отпад,  понудивме услуга преку нашето јавно претпријатие да може на повик, граѓаните дојдат и го депонираат отпадот за симболичен надоместок, за првпат лиценциравме јавно комунално претпријатие коешто може да одвезува и да транспортира неопасен отпад“, рече Митески.

Во гостување на Телма, тој додаде дека Аеродром веќе има лиценцирано јавно комунално претпријатие што може да одвезува и транспортира неопасен отпад.

Покрај тоа, Митески најави и дел од инфраструктурните и еколошките проекти од програмата – топлификација на Лисиче, нов културен дом и зелена офанзива со засадување нови садници во соработка со инвеститорите.

Текстот Митески: Наместо Градот, ние го собираме отпадот во Аеродром е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top