Мицкоски во Штип: Ќе инсистираме текстилните работници посебно да бидат вклучени во шестиот пакет мерки

пред 4 години

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска е во посета на Штип од каде порача дека на средбата со невладината организација „Гласен текстилец“ бил запознаен со проблемите со кои што се соочуваат текстилните работници и работнички.

„До крајот на 2020-та година, 31 декември, повеќе од 7.000 текстилни работници останале без егзистенција, останале без своето работно место. Сето она кое што претставува предизвик во работењето можевме детално да го слушнеме и ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе бидеме гласни во Парламентот и во овој следен шести пакет помош мерки кои што треба да бидат исплатени ќе бараме и ќе инсистираме да барањата на текстилните работници посебно бидат вклучени во тој шести пакет“, порача Мицкоски и додаде дека очекува Владата да не биде лицемерна и да го подржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во Штип посетил и, како што рече, успешен семеен бизнис, нагласувајќи дека малите претпријатија се оние што во држави во доменот на Македонија практично го зголемуваат производството и ја зголемуваат економијата.

Партискиот лидер најави дека во Штип му претстојат средби и со здравствените работници, со образовните работници и неколку партиски состаноци.

Share
Scroll to Top