Втор ден Христијан Мицкоски молчи за фактот што САД на својата црна листа го стави неговиот шеф и осуден криминалец во бегство Никола Груевски, изјави на прес-конференција, портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.
Според него, причината за овој потег e вмешаноста на Груевски во корупција и криминал или како што наведува Стејт департментот: искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, злоупотреба на моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори; присвојување државни средства; и мешање во изборните процеси.
Сето ова, вели Каевски, граѓаните го слушнаа и во бомбите, во материјалите од Вистината за Македонија.
„Бројни судски пресуди и признанија во предметите како „Титаник“ „Тенк“ Таргет Тврдина“ ги потврдија криминалните дејствија на Никола Груевски и неговите соработници“, рече Каевски.
Портпаролот на СДСМ потсети дека на црната листа на САД заедно со Груевски е и братучедот Сашо Мијалков. Од владејачката партија додаваат дека до денес, Христијан Мицкоски се нема оградено ниту еднаш за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ.