Мицкоски, Касами и Меџити на средба за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

Мицкоски, Касами и Меџити на средба за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит

пред 1 час

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одржа работна средба на која присуствуваа копретседателите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше за темата со употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит, соопшти владината прес-служба.

На средбата, беше нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија кои ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко чекорење кон иднината.

Соговорниците се согласија дека образованието и знаењето претставуваат темел на секоја современа и успешна држава.

Оттука, се додава дека институциите активно работат на изнаоѓање на решенија кои ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, со цел обезбедување правна сигурност и функционалност.

Текстот Мицкоски, Касами и Меџити на средба за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top