Мицкоски: Македонската армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУ

Мицкоски: Македонската армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУ

пред 3 часа

Премиерот Христијан Мицкоски денес во касарната „Илинден“ во Скопје, беше запознаен со новата опрема за Армијата набавена со поддршка од Европската Унија преку Европскиот мировен фонд.

Премиерот изрази благодарност до Европската Унија што, како што рече, ЕУ, донира и препознава во македонската Армија квалитет, посветеност, како Армија којашто е составен дел на НАТО Алијансата.

„Ние остануваме, како Влада, посветени да ги исполнуваме сите барања од страна на НАТО Алијансата.

Пред неколку дена, во посета кај нас беше главниот командант на вооружените сили на НАТО за Европа, господинот Гринкевич, којшто јасно кажа дека сите инфраструктурни проекти коишто во моментот ги движиме, вклучително и средствата коишто ги одвојуваме, претставуваат пример за многу земји членки на НАТО и тие, во нашиот случај, достигнуваат и до четири проценти, што навистина за нас претставува една цел која што ќе се обидеме, во годините коишто следат, да ја одржиме“.

Четири проценти од бруто-домашниот производ, според Мицкоски ќе претставува предизвик.

Имајќи предвид дека номиналниот бруто- домашен производ во последно време расте со стапка од осум проценти и повеќе, ќе претставува предизвик, но секако ние, како Влада, имаме приоритет да инвестираме во нашата македонска Армија и да ја направиме Армијата поконкурентна, иако таа, можам да кажам, е навистина исклучително конкурентна.

Во рамки на соработката со Европската Унија, односно со поддршка на Европскиот мировен фонд набавена е опрема во вредност од над 40 милиони евра, сегментирана во три пакети од кои опремата од првиот пакет и дел од опремата од вториот пакет се пристигнати во земјава. Станува збор за опрема од различен вид – радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д радар и преносни сензори, додека во рамките на третиот пакет ќе пристигне опрема за логистика и комуникациски и пешадиски единици.

Текстот Мицкоски: Македонската армија добива признание и поддршка за посветеноста од НАТО и ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top