Мицкоски: Македонскиот јазик е официјален на целата територија, Законот за правична застапеност ги помина сите филтри вклучително и на Венецијанска комисија

Мицкоски: Македонскиот јазик е официјален на целата територија, Законот за правична застапеност ги помина сите филтри вклучително и на Венецијанска комисија

пред 3 часа

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Законот за правична застапеност откако ги помина сите филтри и добри препорака од Венецијанска комисија за многу брзо ќе се најде во Собрание, додека во врска со забелешките за користењето на јазиците посочи дека никој нема против користење на друг јазик, но потсети дека официјален јазик на целата територија на земјава според Устав е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

„Законот за правична застапеност очекувам набргу да се најде овде пред пратениците откако ги помина сите филтри вклучително и оној на Венецијанска комисија. Со препораките од Венецијанска комисија истиот ќе биде донесен во Парламент, поминат на Влада и се надевам дека ќе го поддржите. Но, уставен, а не неуставен како што вие односно коалицијата на која и припаѓате ги лажеше Албанците во Македонија повеќе од 20 години. Тоа е разликата помеѓу оваа Влада и оваа коалиција и коалицијата која вие ја поддржувате“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Скендер Реџепи.

Во врска со користењето и познавање на јазиците, премиерот Мицкоски нагласи дека македонскиот јазик според Уставот е официјален јазик на целата територија и му посочи на пратеникот Реџепи дека како што се гледа, не му требаат слушалки со превод за да го разбере, но ако ги користи таму има превод и на албански.

„Ниту еден јазик не ми пречи на светов и нема да ми пречи. Не знам зошто се вознемирувате, но според Уставот е дека официјален јазик на целата територија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Има таму дополнувања во следниот член, понатаму дополнување за единиците за локална самоуправа каде повеќе од 20% има етнички заедници над таа бројка го користат својот јазик, има турска заедница, српска бошњачка, не ми пречи мене, слободно да си го користите албанскиот јазик, дури и се трудам и да го учам и научам. Колку повеќе јазици знам, толку побогат сум“, потенцираше Мицкоски.

Премиерот се осврна и на настанот во Тетово при што потенцираше дека таков однос од страна на новинар кон министерката за образование е непристоен без разлика дали е на македонски или на албански јазик.

„Апсолутно никој нема против да го користите албанскиот јазик, ако сакате и на англиски зборувајте и на германски, француски. Никој нема против, но треба да се знае дека официјален јазик во оваа држава е македонскиот јазик и кирилското писмо и за меѓународна употреба е македонскиот јазик и кирилското писмо и така е според Уставот“, изјави премиерот Мицкоски.

Текстот Мицкоски: Македонскиот јазик е официјален на целата територија, Законот за правична застапеност ги помина сите филтри вклучително и на Венецијанска комисија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top