Мицкоски: Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но не можат да го избришат јазикот, културата и чувството на припадност

Мицкоски: Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но не можат да го избришат јазикот, културата и чувството на припадност

пред 3 часа

„Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но не можат да го избришат јазикот, културата и чувството на припадност“, напиша на социјалните мрежи, премиерот Христијан Мицкоски.

„Со особена чест денес сум меѓу Македонците од Мала Преспа и како покровител на фестивалот ја испраќам пораката дека Македонија е со вас.

Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција, затоа што нашето наследство не е само спомен од минатото, туку богатство што го градиме и за идните генерации.

Нека трае македонскиот збор, нека трае македонската песна, нека трае врската меѓу Македонија и Македонците од Мала Преспа!“, порача Мицкоски.

Текстот Мицкоски: Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но не можат да го избришат јазикот, културата и чувството на припадност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top