Мицкоски не гледа причина за оставка на Тошковски: Направи гантограмска ретроспектива на сè што се случувало

Мицкоски не гледа причина за оставка на Тошковски: Направи гантограмска ретроспектива на сè што се случувало

пред 2 часа

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип, одговарајќи на новинарски прашања, го бранеше министерот Панче Тошковски од кого опозицијата побара оставка по трагедијата во Карпош во која загинаа мајка и шестгодишно дете, жртви на семејно насилство. Објасни дена министерот јавно и детално објаснил што се случувало.

„Јас не би ја коментирал опозицијата бидејќи тие бараат оставка секој ден, од секого, без разлика на тоа какви се нивните аргументи. Институциите постапуваат, а министерот Тошковски на прес-конференција направи јасна гантограмска ретроспектива на тоа што се случувало и како се случувало“, рече премиерот Мицкоски.

Повторно ја нарече опозицијата безидејна и мекотелна  и повика граѓаните да бидат внимателни со информациите што доаѓаат од опозицијата.

„Јас мислам дека СДСМ е најголемата опасност врз македонскиот идентитет и македонската држава и ги замолувам граѓаните со резерва да ги прифаќаат сите оние лажни конструкции и соопштенија кои што доаѓаат од Бихаќска бидејќи тие имаат само една цел, а тоа е да го разнебитат македонското ткиво и да зададат удар врз македонскиот идентитет“, рече премиерот Мицкоски.

И денес премиерот потсети дека опозицијата е предводена од луѓе кои во минатото беа испреплетени во многу криминални скандали, неморални скандали и скандали поврзани со конзумирање на наркотички средства.

„На таков тип на луѓе мислам дека е потребно да им се провери и медицински деловната способност, дали се подготвени да ја вршат работата која ја вршат“, рече премиерот Мицкоски по барањето на опозицијата министерот Тошковски да си поднесе оставка по трагедијата во скопски Карпош.

Премиерот ги повика жртвите на таков тип насилство да пријават, но и да останат на пријавите, да не ги повлекуваат за да можат институциите да постапуваат.

Текстот Мицкоски не гледа причина за оставка на Тошковски: Направи гантограмска ретроспектива на сè што се случувало е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top