Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко.
„Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат во јавноста комплетна невистина. Многу пати во минатото ние сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко, така што, ете оставам на тој начин да прават и креираат сензација, иначе апсолутно е неточно“, вели Мицкоски.
Текстот Мицкоски: Не е точно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД е превземен од МАКФАКС.






