Мицкоски: Следува енергетска криза и рестрикции, владата нè враќа 40 години назад

пред 3 години

Mакедонија е пред енергетска криза која ќе се одрази и со рестрикции на електричната енергија која граѓаните ќе ја почувствуваат уште од наредниот месец ноември, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој ова го истакна денеска при посетата на Индустриската зона Жабени во Битола, одговарајќи на новинарски прашања, при што беше прашан и за коментар за пропаднатиот тендер за јаглен за РЕК Битола.

„Македонија е пред енергетска криза. Мислам дека веќе во ноември ќе ги чувствуваме првите последици на таа енергетска криза. Од она што го имам како информација е дека се подготвува и во енергетските компании план за рестрикции. Не знам колку е тоа вистина, но таа информација дојде до мене. Значи се враќаме 30-40 години назад во времето, со оваа Влада на СДСМ се е можно, вклучително и рестрикции и враќање назад“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека тој предупредувал дека поради нестручноста и лошата енергетска политика на СДСМ, Македонија ќе биде пред енергетска криза.

„Јас на ова предупредував токму од тука, од Битола пред неколку месеци, предупредив дека со оваа енергетска политика и со оваа нестручност наместо работа се крадат енергетските компании, многу лесно ќе се соочиме со енергетска криза и таа енергетска криза ни е на прагот, ни тропа на врата. И верувајте, јас очекувам уште во ноември месец такво нешто ќе се случи. Камионите наместо да копаат тие се фокусирани да крадат. А, зошто да копаат? Затоа што рударските машини и камионите се потребни за да може технолошкиот процес на производство да на електрична енергија да биде заокружен и на тој начин граѓаните да добијат соодветна количина на електрична енергија“, рече Мицкоски.

Share
Scroll to Top