Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема потреба од ограничувања и покрај рекордната потрошувачка

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема потреба од ограничувања и покрај рекордната потрошувачка

пред 5 часа

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека состојбата со снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјава е стабилна и дека нема потреба од ограничувања.

Според Мицкоски, граѓаните и бизнисите не треба да стравуваат, бидејќи се обезбедени доволни количини на гориво. Воедно, тој посочи дека потрошувачката минатата недела достигнала рекордни два милиона литри дневно, од кои околу 75 проценти се дизел, а 25 проценти безоловен бензин.

Зголемената побарувачка, како што нагласи, е резултат на засилен притисок во пограничните региони, особено на северната, западната и јужната граница, каде што потрошувачката на одредени бензински пумпи е и до трипати зголемена поради странски државјани кои доаѓаат да полнат гориво.

„Во овој момент нема потреба од какво било ограничување бидејќи во разговор со трговците и со снабдувачот добив уверување дека нема опасност да бидат загрозени домашните потрошувачи, иако од 1,5 милион конзумот е зголемен на 2 милиони литри на ден. Се надевам дека така и ќе остане и дека сето тоа што се случува во Заливот ќе престане и состојбата во светот ќе се нормализира, односно режимот во Иран ќе претстане да го опструира природното право на трговија на земјите од Заливот и навремено снабдување на останатите потрошувачи со нафта и нафтени деривати од Заливот“, рече Мицкоски.

Во однос на очекувањата за дополнителен притисок врз бензинските пумпи, премиерот најави дека такво сценарио е можно, особено од Србија, по завршувањето на двонеделниот регулиран период пред Велигден, како и во зависност од движењето на цените на берзите.

Дополнително, Мицкоски посочи дека дел од аеродромите во регионот се снабдуваат со гориво од Македонија, при што го издвои аеродромот во Приштина, кој, како што рече, целосно се снабдува со керозин од земјава.

Текстот Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема потреба од ограничувања и покрај рекордната потрошувачка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top