Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом

пред 4 години

Девојка на 22-годишна возраст вчера била пронајдена почината во нејзиниот дом на улицата „Булевар ЈНА“ во Штип.

Девојката била во бессознание кога ја пронашла нејзината мајка, по што од страна на Итната медицинска помош била констатирана смрт.

Од МВР засега нема детали за причината за смртта на младата девојка. Оттука велат дека нејзиното тело ќе биде дадено на обдукција, а за настанот известен е Јавен обвинител.

Share
Scroll to Top