Младите во Гази Баба ќе добијат по 10.000 денари од општината за полагање возачки испит

Младите во Гази Баба ќе добијат по 10.000 денари од општината за полагање возачки испит

пред 2 часа

Младите во Гази Баба ќе добијат по 10.000 денари од општината за полагање возачки испит, објави градоначалникот Бобан Стефковски.

„Исполнуваме уште едно ветување од мојата изборна програма. Младите добиваат 10.000 денари за полагање возачки испит. Објавен е јавен повик за субвенционирање на младите за полагање на возачки испит – конкретна мерка, реална поддршка, јасна порака: младите се наш приоритет“, вели Стефковски.

На огласот може да аплицираат млади од 18 до 25 години и жители на Општина Гази Баба. Треба да поднесат барање во Архивата на Општината и да направат уплата во регистрирана авто школа.

Потребна документација:копија од лична карта; копија од трансакциска сметка; фоказ за извршена уплата (оригинал); тековна состојба на авто школата (не постара од 2 месеци).

Текстот Младите во Гази Баба ќе добијат по 10.000 денари од општината за полагање возачки испит е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top