Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик

пред 2 часа

СДСМ ги оцени како лага тврдењата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, дека претходната власт оставила можност за ново бугарско вето, овојпат за вклучувањето на македонскиот јазик меѓу службените јазици на Европската Унија.

„Каква лага! Како може да каже дека претседателката на Европската комисија лаже? Таа му кажа на Мицкоски в лице: Европа ве чека со вашиот идентитет и вашиот јазик“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Опозициската партија ја обвинува власта дека го блокира европскиот пат на земјата и дека реформите стојат во место.

Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на Фејсбук објави дека преговарачката рамка со ЕУ не гарантира дека македонскиот јазик автоматски ќе стане еден од службените јазици на Унијата. Повикувајќи се на европските договори, Милошоски посочи дека за вклучување нов службен јазик е потребна едногласна одлука на Советот на ЕУ, што значи дека и една земја членка би можела да го блокира процесот.

Според него, декларацијата што Бугарија ја доставила до Советот на ЕУ во јули 2022 година, во која се наведува дека споменувањето на македонскиот јазик во преговарачката рамка не значи негово признавање од Софија, претставува ризик од ново бугарско вето.

Милошоски ја обвини претходната влада на СДСМ и ДУИ дека со прифаќањето на францускиот предлог оставила отворена можност за дополнителни блокади на европскиот пат на Македонија. Според него, за обезбедување на статусот на македонскиот јазик како службен јазик на ЕУ ќе бидат потребни сериозни дипломатски напори и поддршка од земјите членки.

Текстот Може ли Софија да го блокира македонскиот јазик во ЕУ? Милошоски предупредува, според СДСМ нема ризик е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top