Можно е укинување на ДДВ за основните прехранбени производи со стапка од 5%, најави Мицкоски

Можно е укинување на ДДВ за основните прехранбени производи со стапка од 5%, најави Мицкоски

пред 4 часа

Министерството за финансии прави анализи да немаат ДДВ сите основни прехранбени производи кои сега се со 5 проценти ДДВ, најави премиерот Мицкоски. Тој очекува инфлацијата во март да се движи помеѓу 4 и 5%. Оцени дека глобалната криза поради војната на Блискиот Исток ќе има продолжено дејство.

„Мора да се подготвиме за тешка година, но како и да е тука сме да ги следиме сите овие работи и да реагираме врз основа на приоритетите. Треба да се помине овој период, а не да се брои приходот, профитот итн. Се подготвуваме за подолг и потежок период. И пред кризава планиравме некаде кон крајот на јуни да имаме рабаланс на Буџетот. Веќе се прават првичните анализи, очекувам во мај да биде подготвен и да ја помине владината процедура, во јуни да се даде на собраниска постапка и јули да го почнеме со ребалансираниот буџет“ кажа Мицкоски.

Премиерот нагласи дека држвата има доволно нафтени деривати.

„Во моментов немаме никакви индиции дека би имало потреба на ограничување од аспект на волумен како што направија некои земји од ЕУ. Не само што тоа не го правиме, туку голем дел од граѓаните од нашите соседи доаѓаат кај нас и ги полнат резервоарите со гориво. Зголемена е потрошувачката. Ако во првиот месец беше 10 проценти, сега веќе е 15 проценти, вели тој.

Мицкоски рече дека сега за сега нема потреба од вовдување на некои од препораките за штедење по примерот на ЕУ, затоа што има доволно количини на горива.

Потсетуваме, Меѓународната агенција за енергетика објави препораки за заштеда на гориво, а Европската Унија неделава ги повика граѓаните да ги следат.

Меѓу другото се препорачува:
работа од дома каде што е можно,
🟧намалување на брзината на автопатите за 10 км/ч,
🟧поголема употреба на јавен превоз,
🟧систем пар-непар,
🟧споделување на возила.

Текстот Можно е укинување на ДДВ за основните прехранбени производи со стапка од 5%, најави Мицкоски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top