64-годишен мотоциклист се здобил со тешки повреди откако претходно удрил во 59-годишен пешак од Штип.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Имено синоќа околу 22.25 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од Ф.В.(64) од Штип, удрил во Л.Р.(59) од Штип.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Штип.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.