Агенцијата за храна и ветеринарство потврди присуство на западнонислкиот вирус кај мртов гавран во Ресен. Министерот за здравство Сашо Клековски, смета дека мртвата птица е доказ за локална циркулација на вирусот.
„Агенцијата за храна и ветеринарство исто така го потврди мртвиот гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен, во централното подрачје во паркот покрај општината. Гавранот е генерално стационарна птица, значи не е птица преселница и пронаоѓањето на мртвиот гаван е показател на локална циркулација на вирусот на западнонилска треска“, рече министерот Клековски.
За мртвиот гавран заразен со вирусот Клековски вели дека веднаш го известиле Центарот за јавно здравје Битола и градоначалникот на Општина Ресен. Очекува тие да направат ревизија на плановите за прскање против комарци и да почнат со прскање по индикација.
На веб-страницата healthalert.mk, каде што министерот Клековски вчера рече дека постојано ќе се објавуваат податоци за заразените со вирусот, стои дека се уште не е регистриран заразен од Ресен.
Гавранот во Ресен е втората мртва птица со потврден вирус. Првиот мртов гавран беше најден во централното подрачје во Скопје, порај Варадар.
Агенцијата за храна и ветеринарство извести дека ги засилила теренските активности за утврдување на епидемиолошката состојба со болеста западнониласка треска кај живината, со лабораториско тестирање на земените мостри од птици. Активниот надзор ќе се спроведе на целата територија на државава и со него ќе биде опфатена живина од видовите кокошки, мисирки, бисерки, фазани, еребици, потполошки, ноеви, како и диви птици од видовите гуски, пајки, лебеди, штркови, чапји, соколи, галеби, страчки, бувови, корморани јастреби и други.
Текстот Мртвиот гавран најден во Ресен, во паркот покрај Општината, е заразен со вирусот, вели Клековски е превземен од МАКФАКС.






