Муцунски – Анита Орбан: Силна поддршка од Унгарија за евроинтегративниот пат на нашата држава

Муцунски – Анита Орбан: Силна поддршка од Унгарија за евроинтегративниот пат на нашата држава

пред 4 часа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на новата владејачка партија на Унгарија – TISZA.

Во разговорот, министерот Муцунски упатил искрени честитки по повод резултатите на парламентарните избори.

„Соговорниците ги реафирмираа одличните билатерални односи и високото ниво на политичка соработка, изразувајќи подготвеност за нивно понатамошно продлабочување, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка“, соопштија од Министерството.

Воедно, размениле мислења за евроинтегративниот пат на нашата држава, при што била потврдена јасната и силна поддршка од Унгарија. Станало збор и за актуелните геополитички состојби во Европа и пошироко.

Текстот Муцунски – Анита Орбан: Силна поддршка од Унгарија за евроинтегративниот пат на нашата држава е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top