Муцунски-Ивановиќ: во фокусот европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон ЕУ да се одвива врз основа на заслуги

Муцунски-Ивановиќ: во фокусот европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон ЕУ да се одвива врз основа на заслуги

пред 2 часа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје оствари средба со вицепремиерот на Црна Гора задолжен за европски и надворешни работи, Филип Ивановиќ, во годината кога се одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Соговорниците го потврдија високото ниво на пријателски односи, меѓусебната доверба и сојузништвото во НАТО, како и заедничката определба за стабилен и европски интегриран Западен Балкан.

Во фокусот на разговорите беа европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон Европската Унија да се одвива врз основа на заслуги.

На средбата стана збор и за утрешното финализирање на договорот за воведување нова авионска линија меѓу двете земји, како и за натамошно продлабочување на соработката во економијата, инфраструктурното поврзување, енергетиката и туризмот.

Текстот Муцунски-Ивановиќ: во фокусот европската интеграција, реформските процеси и потребата пристапувањето кон ЕУ да се одвива врз основа на заслуги е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top