Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи

пред 3 часа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ферит Хоџа.

Двајцата министри го потврдија заедничкото задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја подготвеноста за нивно натамошно унапредување.

Во разговорот стана збор и за европската перспектива на двете држави, како и за заедничките активности на патот кон Европската Унија. Воедно беше истакната и важноста на проектот Коридор 8, кој претставува заеднички приоритет од значење за двете земји, како и за унапредување на регионалната поврзаност и развој.

Министерот Муцунски ја истакна важноста на македонското национално малцинство во Албанија, кое претставува значаен мост на пријателство и дополнително придонесува за продлабочување на односите меѓу двете држави. Воедно, министрите разговараа и за Охридското Езеро, обврските што произлегуваат од УНЕСКО, како и за заедничката одговорност за неговата заштита и одржливо управување со регионот.

Двајцата министри разменија мислења и за актуелните прашања од регионалната соработка, при што ја нагласија важноста од негувањето на добрососедските односи и заедничкиот придонес на двете земји кон стабилноста и безбедноста во регионот.

Текстот Муцунски разговараше со министерот за Европа и надворешни работи на Албанија: потврдени одличните билатерални односи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top