На Косово приведен македонски државјанин баран за извршено убиство

пред 3 години

Македонски државјанин со иницијали А.А, на возраст од 48 години, кој се барал со меѓународна потерница за затворска казна од 12 години за кривично дело убиство, на 6. април бил лишен од слобода на Косово.

Како што информираат од МВР, тој кривичното дело го извршил на 26. мај 2003 година.

Приведувањето следи како резултат на меѓународната полициска соработка помеѓу Северна Македонија и Косово, која е поддржана од регионалниот проект на ЕУ-Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан ИПА 2019.

Share
Scroll to Top