На повеќе патни правци забрана за камиони поради обилни врнежи од снег

пред 3 години

Поради обилни врнежи од снег, воведени се забрани за сообраќај на тешки моторни возила на повеќе патни правци во државата, информираа рано утрово од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Со забраната се опфатени патните правци: Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Кичево (преку планинскиот премин Стража), крак Маврово – Жировница, Кичево – Охрид (преку планинскиот премин Пресека), Битола – Ресен (преку планинскиот премин Ѓавато).

За останатите типови на возила, на овие патни правци задолжителна е употреба на зимска опрема.

Share
Scroll to Top