На слобода се осомничените кои избодеа дете во Ченто, највисоката казна затвор за делото им е 3 години

На слобода се осомничените кои избодеа дете во Ченто, највисоката казна затвор за делото им е 3 години

пред 4 часа

По службениот разговор во полициска станица, тројцата осомничени кои избодеа дете во Ченто се пуштени на слобода. Според досегашните информации, барање за мерки против нив од Обвинителството, нема. Кривичната пријава која засега е поднесена е за насилство, а не за убиство во обид.

СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(19), В.С.(23) и В.А.(19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено Кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик.

Според Кривичниот законик, тој што ќе изврши физичко, психичко или друг вид насилство спрема дете, ќе се казни со парична казна или со затвор од шест месеци до три години.

Имено на 22.06.2026 околу 23:50 часот на улицата „Финска“ во паркот пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник и употребиле тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и пронајден бил ножот со кој било извршено кривичното дело и бил предаден на вештачење, а по преземени мерки пријавените биле лишени од слобода и со нив бил извршен службен разговор.

Од Обвинителството засега последната информација е дека барање за мерки за обезбедување на присуство во текот на истрагата, нема.

Текстот На слобода се осомничените кои избодеа дете во Ченто, највисоката казна затвор за делото им е 3 години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top