Наместо во изолација, позитивен на Ковид-19 заминал во Германија, казнет е со 2000 евра

пред 4 години

27 годишен жител на Врапчиште на кого од 15 февруари со Решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација како лице позитивно на САРС-КОВ-2 вирусот, на 17 февруари не бил затекнат во неговиот дом.

Полициските службеници кои извршиле проверка констатирале дека заминал во Германија.

Поради ова, основното јавно обвинителство Гостивар поднело предлог за издавање казнен налог против ова и уште едно лице од истото место за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниви по Кривичниот законик.

Според надлежните вториот жител на Врапчиште кој е на возраст од 42 години, не го почитувал полицискиот час и за време на важечката забрана се движел низ Гостивар без да поседува дозвола.

Јавниот обвинител му предложи на Основниот суд Гостивар за двете лица да определи парични казни од по 100 дневни глоби.​

Share
Scroll to Top