Направете уметничко дело од отпад и пријавете се за награда, повика Пакомак

Направете уметничко дело од отпад и пријавете се за награда, повика Пакомак

пред 2 часа

Почна пријавувањето за новото издание на наградниот конкурс „Trash for Art 2026“. Пакомак ги повикува сите еко свесни граѓани да ја покажат својата креативност, да испратат уметничко дело направено од отпад за конкурсот и да бидат во игра за вредни награди.

Конкурсот е отворен за сите, а пријавените дела ќе се натпреваруваат во повеќе различни категории. Како и секоја година, ќе се избира најдобро дело во категориите: 1) градинки, 2) основни училишта, 3) поединци и други организации. За секоја од категориите се предвидени по три парични награди – за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари), трето (10.000) . Испратените дела треба да бидат изработени од најмалку 10 парчиња амбалажен отпад од ист или од различен тип на амбалажа, и не треба да бидат повисоки од 150 см.

Оваа година конкурсот ќе има и две специјални награди. Едната е за уметнички дела направени од електронски отпад, односно направени од најмалку три делчиња од електронски отпад или отпадни батерии, за која наградниот фонд за прво, второ и трето место е идентичен како во генералните категории.

А посебна наградата ќе добијат најдобрите испратени уметнички дела изработени само од амбалажа на Алкалоид. Фармацевтскиот гигант е специјален учесник и поддржувач на Trash for Art 2026 и застанува зад еко мисијата на Пакомак со силна порака за почиста животна средина.

Пријавувањето на дела за конкурсот трае до 17 март, а делата треба да бидат доставени на 16 и 17.03.2026 од 9:00 до 18:00 часот, во локалот „Лабораториум“ кој се наоѓа зад Работнички универзитет „Кочо Рацин“.

Текстот Направете уметничко дело од отпад и пријавете се за награда, повика Пакомак е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top