Насобраните гранки на мостот на реката во село Проевце се уште не се расчистени

Насобраните гранки на мостот на реката во село Проевце се уште не се расчистени

пред 1 година

РЦУК – Куманово, известува дека насобраните гранки на мостот на реката во село Проевце, пријава која беше на ден 24.11.2023 година, се уште не се расчистени.

За истото запознаени се ЈП „Чистота и зеленило“ и ЈП „Водостопанство“, но истите немале соодветна механизација за отстранување на гранките. Според известувањето од лицето за контакт од Општина Куманово, за ова се информирани и одговорните лица од Општинскиот кризен штаб и од нивна страна се правеле напори за решавање на настанатата ситуација, информираше ЦУК.

Текстот Насобраните гранки на мостот на реката во село Проевце се уште не се расчистени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top