Не постои директна опасност пожарот да ги зафати Брусник, Калањево и Липа во кои живеат само неколку жители и викендаши, вели Ангелов

Не постои директна опасност пожарот да ги зафати Брусник, Калањево и Липа во кои живеат само неколку жители и викендаши, вели Ангелов

пред 3 месеци

Во моментов не постои директна опасност, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов за пожарот во Неготинско.

Ангелов беше прашан за состојбата со пожарот, откако претходно денес Штабот за заштита и спасување на општина Неготино издаде апел до жители од неколку села да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на огнот.

Ангелов рече дека станува збор за селата Брусник, Калањево и Липа во кои трајно живеат само неколку луѓе, но истите се користат како викенд населба поради што општината превентивно ги предупредува потенцијалните викендаши.

Во момемтов покрај силите кои гаснат од земја дејствува и еден полициски хеликоптер а набргу ќе му се придружи и еден армиски хеликоптер, додава Ангелов/

Текстот Не постои директна опасност пожарот да ги зафати Брусник, Калањево и Липа во кои живеат само неколку жители и викендаши, вели Ангелов е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top