Никогаш не размислувавме дали ќе помогнеме или не, туку како побрзо да се организира евакуацијата на повредените, рече бугарскиот министер за здравство

Никогаш не размислувавме дали ќе помогнеме или не, туку како побрзо да се организира евакуацијата на повредените, рече бугарскиот министер за здравство

пред 1 година

Направивме навистина една навремена евакуација на настраданите, би рекол повеќето деца, и тие беа сместени во бугарски медицински установи пред да почне евакуацијата на другите повредени, изјави министерот за здравство на Бугарија, Силви Кирилов.

– Никогаш не размислувавме дали ќе помогнеме или не. Првата и единствена реакција и мисла беше како и како што побрзо да се организира евакуацијата и да се создадат идеални услови за транспорт на вакви исклучително тешки пациенти, бидејќи тие се на механичка вентилација и секогаш може да се очекува некаков колапс, појасни Кирилов.

Тој денеска заедно со македонскиот министер за здравство Арбен Таравари и министрите за надворешни работи на земјите Георг Георгиев и Тимчо Муцунски, ја посетија Универзитетската мултипрофилна болница за активно лекување и ургентна медицина (УМБАЛСМ) „Н.И. Пирогов“, пренесе БТА.

Текстот Никогаш не размислувавме дали ќе помогнеме или не, туку како побрзо да се организира евакуацијата на повредените, рече бугарскиот министер за здравство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top