Со прогласувањето на дел од Шар Планина за заштитена област се овозможува воспоставување систем на одржливо управување, но и отворање на нови можности за развој на локалната економија, изјави на прес-конференција, Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ.
Таа потсети дека со вчерашното гласање во Собранието, Северна Македонија го доби четвриот национален парк – прв по осамостојувањето.
„Сега вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво изнесува 13,2 отсто од територијата на државата. Како одговорна партија, како одговорна Влада посветени сме на заштита на животната средина преку мерки и политики на краток, долг и среден рок“, рече Николовска.