Николоски го претстави планот за Николиќ во Дојран: Уредена плажа, патека и подобро електроснабдување

Николоски го претстави планот за Николиќ во Дојран: Уредена плажа, патека и подобро електроснабдување

пред 3 часа

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, при посетата на дојранското место Николиќ, најави повеќе инфраструктурни и развојни проекти за локалното население и туристите.

Николоски посочи дека приоритет е решавањето на проблемот со снабдувањето со електрична енергија, бидејќи местото брзо се шири со нови куќи и викендици.

Како втор проект го најави уредувањето и осветлувањето на пешачката патека што ќе води од населбата до плажата, која, според него, ќе стане туристичка атракција.

Трет приоритет е уредувањето на плажата Николиќ, која ќе добие концесионер со обврска да ја трансформира во современо туристичко место.

Николоски додаде дека се разговара и за изградба на културен дом и решенија за предучилишно згрижување на децата.

„Убеден сум дека Илија Николиќ ќе биде новиот градоначалник на Дојран и дека заедно ќе ги реализираме овие проекти со поддршка од Владата“, изјави Николоски.

Текстот Николоски го претстави планот за Николиќ во Дојран: Уредена плажа, патека и подобро електроснабдување е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top