Ноќеска почнува зимското сметање на времето, стрелките се враќаат еден час назад

Ноќеска почнува зимското сметање на времето, стрелките се враќаат еден час назад

пред 2 часа

Зимското сметање на времето почнува ноќеска, кога стрелките на часовниците ќе се поместат еден час наназад. Во 3 часот по полноќ, времето ќе се врати на 2 часот, со што граѓаните ќе добијат еден час повеќе за спиење.

Промената се врши во согласност со правилата за сезонско сметање на времето, а истата практика ја применуваат и повеќето европски земји.

За време на зимскиот период се користи средноевропското време (CET, UTC+1), додека во летните месеци важи средноевропското летно време (CEST, UTC+2).

Зошто се менува времето?

Сезонското поместување на часовниците првично било воведено со цел да се искористи дневната светлина и да се намали потрошувачката на енергија. Со преминувањето на летно сметање на времето, активностите се усогласуваат со подолгите денови, додека враќањето на стрелките наесен овозможува порано разденување.

Сепак, ефикасноста на оваа практика сè почесто се доведува во прашање, а вниманието е насочено и кон можните последици врз здравјето.

Промената на времето може привремено да го наруши биолошкиот часовник, да влијае врз квалитетот на спиењето и да предизвика промени во расположението.

Како полесно да се приспособите?

За полесно приспособување на новиот распоред, експертите советуваат да се задржи редовната рутина на спиење, да се избегнуваат екраните непосредно пред легнување и да се поминува повеќе време на природна светлина, особено наутро.

Исто така, се препорачува избегнување кофеин и тешки оброци пред спиење.

Иако добивањето дополнителен час сон за многумина е добредојдено, на организмот може да му бидат потребни неколку дена за целосно да се приспособи на промената.

Текстот Ноќеска почнува зимското сметање на времето, стрелките се враќаат еден час назад е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top