Нуркач од Бугарија исчезна во Охридското Езеро

Нуркач од Бугарија исчезна во Охридското Езеро

пред 4 месеци

Нуркач од Бугарија исчезна во Охридското Езеро. Во тек е акција за негово пронаоѓање.

Според информациите на полицијата, денеска во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца.

Од полицијата велат дека во акцијата за негово пронаоѓање се вклучени тимови од езерската полиција и Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“.

Текстот Нуркач од Бугарија исчезна во Охридското Езеро е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top