Обвинение против гостиварец – ја претепал поранешната вереница и ѝ предизвикал потрес на мозокот

пред 3 години

Гостиварското основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 28-годишен жител на селото Форино, кој се товари дека сторил кривично дело тешка телесна повреда.

На 28 септември, во селото Добридол, при вршење семејно насилство, обвинетиот тешко ја повредил поранешната вереница.

Тој ја пречекал оштетената која се упатила кон својот дом, ја фатил за десната рака и запонал да ја влече за да ја внесе во неговиот автомобил.

Жената паднала, по што обвинетиот започнал да ја удира со тупаници по лицето и по телото, нанесувајќи и тешки телесни повреди – нагмечувања, скршеници и потрес на мозок​от.

Share
Scroll to Top