Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“, на седницата одржана на 15.11.2024 година, донесе одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република Северна Македонија.
За остварување во областа на публицистиката државната награда ја делат: Иван Антоновски, публицист, и Делвина Крлуку, публицист.
Државната награда за остварување во областа на новинарството ја делат: Атанас Костовски, новинар, и Љупчо Јолевски, новинар.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2024 година (сабота) во 10.30 часот во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.
Текстот Објавени добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ е превземен од МАКФАКС.