СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара да бидат објавени документите и деталите за тоа како биле потрошени 5,5 милиони евра.
Од партијата излегоа со низа прашања за изборот на компаниите, работата на комисијата во Државна лотарија, исплатите кон изведувачите и ангажманот на Дејвид Гета, а премиерот Христијан Мицкоски и власта ги обвинија за прикривање на трошењето.
„Оваа година лото-добивката – се падна кај Мицкоски и неговата Организирана криминална група. 5,5 милиони евра преку криминални договори кои Мицкоски сакаше да ги сокрие дека се ‘нула денари’“, обвинија од СДСМ.
Од опозициската партија тврдат дека станува збор за „огромни народни пари“ и бараат јавноста да добие целосен увид во документацијата и исплатите.
„Тоа се 5,5 милиони причини граѓаните да ја знаат целата вистина, да ги видат документите и да добијат одговори каде завршија нивните пари“, велат од СДСМ.
Партијата бара одговор кои компании добиле милионски суми и според кои критериуми биле избрани, но отвора прашања и за тричлената комисија во Државна лотарија која одлучувала за изборот на фирма за прославата.
Текстот Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.





