Јавното претпријатие Градски паркинг – Скопје известува дека од утре, 1 октомври, започнува зимно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје.
Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде:
– Од понеделник до петок: 07:00- 21:00 часот,
– Сабота: од 07:00-14:00 часот.
На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно:
– Од понеденик до сабота: од 07:00- 23:00 часот.
Јавното претпријатие им препорачува на сите корисници да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време.
Текстот Од утре ново работно време на ЈП Градски паркинг – Скопје е превземен од МАКФАКС.





