Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров – почит за хероите и сеќавање на историјата

Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров – почит за хероите и сеќавање на историјата

пред 41 минута

Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина.

На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата.

Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината.

-Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква – таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван – истакна Стојкоски.

Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните.

Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.

Текстот Одбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров – почит за хероите и сеќавање на историјата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top