Опаѓа бројот на новозаразени во Гостивар: вчера се регистрирани 293 нови случаи, пикот бил во петокот кога помош побарале 649 луѓе

Опаѓа бројот на новозаразени во Гостивар: вчера се регистрирани 293 нови случаи, пикот бил во петокот кога помош побарале 649 луѓе

пред 7 часа

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис, извести Министесртвото за здравство

Во Општа болница Гостивар се регистрирани 111 нови прегледи на инфективното одделение, 65 нови прегледи на педијатриското одделение и 7 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 183 прегледи.

Во Здравствениот дом Гостивар се евидентирани 110 прегледи, како и 25 повици до Итната медицинска помош.

„Во текот на вчерашниот ден вкупниот број пациенти прегледани во болницата е намален за 38 проценти. Во споредба со 19.07.2026 година, кога во Општата болница Гостивар беа регистрирани 289 прегледи, вчера се евидентирани вкупно 183 прегледи. Истовремено, бројот на прегледи во здравствениот дом продолжува континуирано да опаѓа – од 315 пациенти на 18 јули, на 275 пациенти на 19 јули и 110 пациенти на 20 јули“, вели министерот за здравство, Сашо Клековски.

Во саботата на 19 јули беше прогласена епидемија во Гостивар откога над 1.200 жители се пожалија и побараа помош за стомачни проблеми.

Текстот Опаѓа бројот на новозаразени во Гостивар: вчера се регистрирани 293 нови случаи, пикот бил во петокот кога помош побарале 649 луѓе е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top