Општина Кисела Вода: Напредува реконструкцијата на  атмосферскиот канал „Црн Канал“ во Драчево

Општина Кисела Вода: Напредува реконструкцијата на атмосферскиот канал „Црн Канал“ во Драчево

пред 59 минути

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на атмосферскиот канал „Црн Канал“, на потегот од улица Малешевска 1 до Мала Рада, во КО Драчево 2.

Станува збор за клучен инфраструктурен проект за Општина Кисела Вода што ќе овозможи поквалитетен систем за атмосферски води и ефикасна превенција од поплави. Проектот се реализира во рамки на Унгарскиот кредит – Проекти фаза 2, како дел од програмата на Владата на Република Македонија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Градежните работи на терен се одвиваат според предвиденото темпо, при што од првата фаза досега се завршени 50 отсто. Активно се работи на санирање на бетонското корито долж целиот канал, а на потегот до мостот Киро Фетак се поставуваат бетонски блокови кои ќе бидат стабилна основа за нова пешачка патека врз самиот канал. Со оваа инвестиција, со силна поддршка од Владата, директно го подигнуваме нивото на безбедност и функционалност на инфраструктурата во Драчево и создаваме услови за посигурна и поквалитетна животна средина за сите жители. Останувамe целосно посветени на реализација на проекти кои носат реални решенија и долгорочни придобивки за граѓаните на Кисела Вода- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Текстот Општина Кисела Вода: Напредува реконструкцијата на атмосферскиот канал „Црн Канал“ во Драчево е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top