Османи во Рим на средба на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и на  Пријателите на Западен Балкан

Османи во Рим на средба на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и на Пријателите на Западен Балкан

пред 12 месеци

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе престојува во работна посета на Италија, каде што ќе учествува на министерската средба на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и министрите за надворешни работи на земјите од групата Пријатели на Западен Балкан, на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.

На состанокот Османи ќе се обрати на работната сесија на тема „Заедничка работа за забрзување на евроинтегративниот процес за Западен Балкан”.

Во рамките на посетата Османи ќе има средба и со новите носители на „МКарта“ во Италија.

Текстот Османи во Рим на средба на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и на Пријателите на Западен Балкан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top