На маргините на стратешкиот дијалог со САД, во Вашингтон беше организиран настан на кој министерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 30 години од независноста на Република Северна Македонија врачи признание на Даниел Сервер, професор во Џон Хопкинс универзитетот.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Упатувајќи благодарност, Османи истакна дека со своите јавните настапи, темелено на длабокото познавање на регионот и нашата држава, Сервер дал важен придонес во процесот на меѓународна афирмација на Северна Македонија, преку јасната и цврста поддршка за интеграцијата на нашата држава во евро-атлантските механизми на интеграција, вклучително и преку континуираните апели со години наназад за решавање на отворените прашања кои го кочат овој процес.
Да потсетиме, по повод 30 годишнината од независноста на Република Северна Македонија, во јуни минатата година министерот Османи донесе одлука со која се доделува признание на 30 странски државјани, високи функционери од ЕУ и НАТО, државници, дипломати и познавачи на нашата држава и регионот, меѓу кои и Сервер, како симболична благодарност за нивната поддршка за нашата независност, нашите стратешки цели, зацврстување на евро-атлантските перспективи и мултиетничката, мултикултурна и мултиконфесионална кохезија на нашата држава и општество.