Осумдесет и едногодишна жена од Скопје е пронајдена почината во пожар, што избувнал во куќа на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Скопје.
Пожарот бил изгаснат, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт од задушување со чад. Извршен бил увид и по наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.