Отворена сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст за Гостивар

Отворена сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст за Гостивар

пред 3 часа

Отворена е сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст за собирање средства за помош на Гостивар.

„Црвениот крст е на терен и активно спроведува активности за поддршка на погоденото население, а и во наредниот период ќе продолжи со своите хуманитарни активности со цел да обезбеди помош таму каде што е најпотребна. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во обезбедувањето на неопходната помош и полесно надминување на последиците од оваа состојба. Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност и да придонесеме во обезбедувањето помош за настраданите семејства. Ве повикуваме да делуваме заедно преку: Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во Гостивар“, соопшти Црвениот крст.

Текстот Отворена сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст за Гостивар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top