Пендаровски во посета на Украина по повод 30-годишнината од независноста

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски, од денеска до среда ќе престојува во работна посета на Украина, во чии рамки ќе учествува на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјата.

Утре, Пендаровски ќе присуствува на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина кој ќе се одржи на плоштадот на независноста во Киев, и на кој ќе се обрати претседателот Володимир Зеленски, по што ќе следи и празнична парада на вооружените сили на Украина.

Во рамки на работната посета, претседателот Стево Пендаровски ќе оствари билатерална средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а на маргините на посетата, предвидена е и средба и со Шарл Мишел, Претседател на Европскиот Совет.

На прославата на 30-годишнината од независноста на Украина којашто се одржува под слоганот „Ти си моја единствена“ е предвидено присуство на повеќе од четириесетина делегации од земји и меѓународни организации.

Share
Scroll to Top