Пендаровски: Да бидеме солидарни, сплотени, да си посветуваме внимание и да си даруваме љубов

пред 3 години

Претседателот на државата Стево Пендаровски го честиташе големиот празник Свети Климент Охридски.

„ Мудроста и поуките на Свети Климент Охридски се втемелени во светогледот на нашиот народ и на нивните вредности се развива и нашата Македонска православна црква. Инспирирани од неговото дело, во овие сложени времиња исполнети со многу предизвици, да се стремиме кон подостоен живот, живот исполнет со добри дела. Нека е за многу години големиот празник Свети Климент Охридски. Да бидеме солидарни, сплотени, да си посветуваме внимание и да си даруваме љубов“ напиша тој на Фејсбук.

Share
Scroll to Top