Пендаровски за „Етнос“: Мали се шансите да се обезбеди дво-третинско мнозинство за промена на Уставот

пред 2 години

Три години по потпишувањето на Договорот од Преспа, неговите противници се намалија, оценува претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во интервју за грчкиот весник „Етнос“, и се надева дека како што поминува времето, многу повеќе луѓе ќе сфатат дека договорот во суштина означи стратешко отворање и за двете земји. Во Грција првпат дошол како турист со родителите во 1976 година и оттогаш редовно ја посетува земјата или за одмор или како член на дипломатски претставништва, додека омилено место му е Тасос кој сака повторно да го посети, пишува весникот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Претседателот ја подвлекува потребата од почитување на сите обврски предвидени со Договорот од Преспа и ратификацијата од страна на грчкиот парламент на трите меморандуми кои ќе го отворат патот за стапување во сила на уште многу билатерални договори.

„Голем дел од граѓаните сфатија дека промената на името воопшто не го засегна нашиот национален идентитет, а тоа предизвикуваше најголема загриженост во текот на преговорите. Противници и натаму има, но, не во обем како што тоа беше во периодот на уставните измени“, рече Пендаровски.

Како што посочи, поврзувањето со природен гас во Александрополис е најнов пример на заедничко вложување кое се очекува да донесе взаемна корист за двете земји, додава тој.

За предлогот на Франција за спорот со Бугарија, Пендаровски нагласи дека има мали шанси некоја политичка партија во Македонија да може да собере двотретинско парламентарно мнозинство за да ги поддржи измените.

Одговарајќи како ги гледа односите Грција-Турција, тој вели дека хармоничните односи во Грција и Турција се клучни за стабилноста на Балканот , Медитеранот и Блискиот Исток. Конечно, смета дека Русија продолжува да ги произведува најсериозните хибридни закани во балканскиот регион, вклучително и политичка пропаганда и кампањи за дезинформација.

Во Северна Македонија, нивната комплексност и интензитет се исти како оние во 2018 година, за време на референдумот по Договорот од Преспа. Немам целосни сознанија за останатите земји, но неколкуте кревки точки во регионот и се добро познати на Москва и таа секако се обидува да пенетрира“, вели Пендаровски.

Share
Scroll to Top