Пендаровски изрази сочувство за смртта на починатиот војник

пред 3 години

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство за смртта на македонскиот професионален војник кој вчера почина во болница во Приштина.

„Изразувам длабоко сочувство до семејството по повод ненадејната смрт на припадникот на нашата Армија кој беше дел од мисијата во Косово. Армијата загуби свој припадник, колега и војник кој посветено и служеше на нејзината мисија. Вечен спомен, нека почива во мир“, напиша Пендаровски на социјалните мрежи.

Генералштабот на Армијата вчера објави дека на војникот во текот на попладневните часови му се слошило, по што веднаш откако бил забележан од присутните му била пружена прва помош од страна на надлежната санитетска служба во состав на контингентот. Со воен хеликоптер, војникот во придружба на воен медицински персонал, потоа бил упатен во болница во Приштина каде што се пристапило кон реанимација, но по кратко време е констатирана смрт која најверојатно е последица на срцев удар.

Share
Scroll to Top