Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Мариа Вирџиниа Мендес да Силва Пина, амбасадорка на Португалија во Република Северна Македонија.
На средбата беше констатирано дека односите меѓу двете држави се пријателски и беше изразено очекување за нивно натамошно унапредување, збогатување на договорно-правната рамка, како и за развој на билатералниот политички дијалог на високо и највисоко ниво.
Претседателот Пендаровски ги поздрави напорите на португалското претседателство за одржување во фокус на дебатата за проширување на Европската Унија и притоа се заблагодари за професионалниот пристап на Лисабон во изработката на предлогот за надминување на билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Соговорниците размениле мислења за актуелните состојби во пресрет на претстојните Самити на Европската Унија, при што било нагласено дека Република Северна Македонија ги исполни барањата и заслужува неодложно да ги започне преговорите за членство во Европската Унија.