Пендаровски се сретна со хуманитарецот Али Февзи

пред 4 години

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Али Февзи, хуманитарец од Скопје.

На средбата Февзи го запозна претседателот Пендаровски со неговата иницијатива за донирање на поединци и семејства во социјален ризик, што беше интензивирана по почетокот на пандемијата на Ковид-19.

Февзи својата хумана мисија ја започна преку донирање на намирници од сопствени средства, по што на неговата иницијатива се приклучија поединци и организации. Споделувајќи ги предизвиците со коишто се соочува во неговата активност, тој на средбата посочи дека бројот на поединците и семејствата на коишто им е потребна помош постојано се зголемува и поради тоа ја истакна потребата за зголемување на поддршката од други хумани граѓани, организации и институции.

Претседателот Пендаровски оддаде признание за активизмот, хуманоста и солидарноста на Февзи и изрази очекување дека неговата работа ќе биде пример за други поединци, организации и општествено одговорни компании, согласно можностите, да помогнат на оние што се најмногу погодени од кризата по почетокот на пандемијата.

Share
Scroll to Top